Охрид, 4. април 2025 (ИНПРЕС) – Водата во и околу мерно место село Велгошти е исправна за пиење, информираат од ЈП „Водовод“ Охрид.
– По извршените дополнителни анализи на водата за пиење од страна на ЈЗУ ЦЈЗ Охрид и добиените резултати, водата е исправна за пиење во и околу мерно место село Велгошти – Охрид, стои во информацијата.
Минатата недела беше воведена забрана за пиење на водата поради отсуство на резидуален хлор, а се препорача при употреба на водата за пиење истата да се преврива 30 – 40 минути. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
