Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • ЈП „Охридски комуналец“: Ќе се казнуваат граѓаните кои нелегално одлагаат отпад

ЈП „Охридски комуналец“: Ќе се казнуваат граѓаните кои нелегално одлагаат отпад

ЈП „Охридски комуналец“: Ќе се казнуваат граѓаните кои нелегално одлагаат отпад

Охрид, 29. декември 2025 (ИНПРЕС) – За граѓаните кои одлагаат отпад нелегално ќе се спроведат сите мерки за откривање и казнување по закон, алармираат од ЈП „Охридски комуналец“ по честото создавање мини диви депонии.

Посочуваат дека дивите депонии не се само грда слика, туку сериозна закана за здравјето на сите нас и животната средина.

– Отпадот нелегално оставен на вакви места ја загадува почвата и подземните води, шири токсични материи и привлекува штетници и болести. Дополнително, службите излегуваат на терен чистејќи ѓубришта, трошејќи огромни ресурси коишто припаѓаат на сите граѓани. Доколку граѓаните го одлагаат отпадот онаму кадешто е дозволено на начин којшто е прифатлив овие пари ќе може да се насочат кон поважни нешта. Доколку имате отпад којшто не знаете каде да го одложите контактирајте нѐ на следниов телефон 075/397 – 944, велат од претпријатието.

Одговорноста за нашето здравје и чистотата на нашето живеалиште зависи од сите нас. Потсетуваат дека со правилно одлагање на отпадот го штитиме просторот во кој живееме и спречуваме долгорочни последици кои сите ги плаќаме, како сега така и во иднина. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Детска претстава и комичното шоу „Солзи и смеа“ денес на „Охридска новогодишна приказна“
Next ЦУК: Реката Сушица е под контрола, сè уште има поплавени подрумски простории и дворови на повеќе локации

Слични вести

Утре прекин во водоснабдувањето на неколку улици Утре прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Утре прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Здравје: Прекумерното пиење овошни сокови, според хепатолозите, може да го оштети црниот дроб Здравје: Прекумерното пиење овошни сокови, според хепатолозите, може да го оштети црниот дроб
1 min read

Здравје: Прекумерното пиење овошни сокови, според хепатолозите, може да го оштети црниот дроб

Прекин во водоснабдувањето на улица „Гоце Делчев“ Прекин во водоснабдувањето на улица „Гоце Делчев“

Прекин во водоснабдувањето на улица „Гоце Делчев“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.