Актерите од охридскиот театар подготвуваат нова претстава
December 10, 2025

Охрид, 10. декември 2025 (ИНПРЕС) – Во тек се пробите за најновиот театарски продукт на Народен Театар Охрид.

Се подготвува претставата „Генијална идеја“ по текст на повеќе автори и во режија на Ненад Витанов, во која публиката ќе може да ужива многу наскоро.

Во оваа „социјална комедија“ играат актерите Ивица Цонев и Филип Кипровски.

Во меѓувреме на репертоарот на охридскиот театар е претставата „Парите се отепувачка” од Ристо Крле, во режија на Андреј Цветаноски. Ќе биде изведена вечерва, а картите се веќе распродадени. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива