October 19, 2016

Круја, 19. октомври 2016 (ИНПРЕС) – Во голема акција, во која учествувале и припадници на специјалната полициска единица за брза интервенција, во селото Дервен кај Круја, биле запленети над 1,2 тони марихуана, откриени во неколку магацински простории, каде дрогата се сушела.

Во акцијата се уапсени шест лица, сопственици на магацинските простории.

Во втората акција, полицијата од Лушња запленила 224 килограми марихуана во куќа во село Жаме. (Крај)

извор: Нова Македонија фото: архива