Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Архитектонски настан „Начинот на Чипан“ оваа сабота во Охрид

Архитектонски настан „Начинот на Чипан“ оваа сабота во Охрид

1 min read
Архитектонски настан „Начинот на Чипан“ оваа сабота во Охрид

Охрид, 28. април 2025 (ИНПРЕС) – Откако беше одложен поради трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, оваа сабота, 3-ти мај, во Охрид ќе се одржи настанот „Начинот на Чипан“: изложба + дискусија + публикација, организиран од колективот АРХРИД, со поддршка од Општина Охрид и Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија, во партнерство со TerraViva.

– Овој значаен настан има за цел да ја одбележи 70-годишнината од изградбата на Феријалното одморалиште во Охрид и објавувањето на книгата „Стара градска архитектура во Охрид“ од Борис Чипан, како и да ги промовира резултатите од интернационалниот архитектонски конкурс „Наутички клуб-Охрид“. Настанот опфаќа богата програма со две панел-дискусии, изложба и публикација, при што учесници ќе бидат реномирани архитекти, професори и конзерватори кои ќе разговараат за архитектонското наследство и неговата иднина, информираат организаторите.

Додаваат дека со организацијата на настанот „Начинот на Чипан“ кој вклучува публикација, дискусија и изложба, влечејќи директна инспирација од работниот процес на Чипан (проучувајќи ја традицијата проектира современо), тимот на Архрид се става во истата позиција, но гледано од друга временска перспектива, каде модернистичкото архитектонско наследство е веќе составен дел на нашето минато кое треба да биде проучено, вреднувано и соодветно третирано од аспект на денешната современост. Освен одбележување на гореспоменатите јубилеи и паралелна промоција на конкурсните трудови од спроведениот интернационален архитектонски конкурс, крајната цел на настанот е афирмација на современото архитектонско творештво преку ретроспективно согледување на значењето на вредното проектантско и публицистичко творештво на Чипан како архитект и конзерватор.

Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид, од 18:00 часот се предвидени изложби, како и дискусии: 1955 година: Архитектонското наследство како основа за современо и 2025 година: Што со модернистичкото наследство денес? Архитектонскиот конкурс како алатка. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Мицкоски: Се укинуваат визите за Обединетите Арапски Емирати
Next Мултикултурен настан утре во охридската Гимназија

Слични вести

Викендов изложби на кучиња во Охрид Викендов изложби на кучиња во Охрид
1 min read

Викендов изложби на кучиња во Охрид

Од денеска повторно почнува авиолинијата Истанбул-Охрид Од денеска повторно почнува авиолинијата Истанбул-Охрид
1 min read

Од денеска повторно почнува авиолинијата Истанбул-Охрид

Лазаревски: На Меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Охрид Опен” досега се пријавени околу 220 натпреварувачи од 8 земји Лазаревски: На Меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Охрид Опен” досега се пријавени околу 220 натпреварувачи од 8 земји
1 min read

Лазаревски: На Меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Охрид Опен” досега се пријавени околу 220 натпреварувачи од 8 земји

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.