Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Бесплатен скрининг за хепатитис Б, Ц и ХИВ во петок во Охрид и Струга

Бесплатен скрининг за хепатитис Б, Ц и ХИВ во петок во Охрид и Струга

1 min read
Бесплатен скрининг за хепатитис Б, Ц и ХИВ во петок во Охрид и Струга

Охрид, 29. јули 2025 (ИНПРЕС) – Започна националната кампања за бесплатен и анонимен скрининг за хепатитис Б, хепатитис Ц и ХИВ, како и еластографија за хронични црнодробни заболувања.

Организатори се министерството за здравство, заедно со Хепар Центар Битола и клиниките за гастроентерохепатологија и инфективни болести, а по повод Светски ден за борба против хепатитисот, 28-ми јули.

Целта е подигнување на свесноста за црнодробните болести, како што се црнодробен карцином, замастување на црниот дроб од алкохолна и неалкохолна природа, цироза и ретки болести на црн дроб.

Националната кампања се реализира во 10 градови во државата, меѓу кои и Охрид и Струга. Караванот ќе биде во нашиот регион во петок, 1-ви август. Во Струга, во периодот од 10:00 до 12:30 часот, а во Охрид од 18:00 до 20:30 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Уште едно успешно фестивалско изданиe – спуштена завесата на осмото издание на Beach Film Festival
Next Охридскиот уметник Сашо Блажес во Охрид ќе ја претстави изложбата „Нурни во мене“

Слични вести

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор? Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?
1 min read

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија
1 min read

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.