Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Водостојот на Охридското Езеро е на 14 сантиметри под просекот за јули

Водостојот на Охридското Езеро е на 14 сантиметри под просекот за јули

1 min read
Водостојот на Охридското Езеро е на 14 сантиметри под просекот за јули

Охрид, 8. јули 2025 (ИНПРЕС) – Нивото на водата во Охридското Езеро и понатаму е под просекот за овој период од годината.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), нивото на водата во езерото е на кота од 693,44 м.н.в што е за 14 сантиметри под просекот за овој месец (693,58 м.н.в) и 34 сантиметри над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода, измерена утрово е 25 степени и е за 1,5 степени повисока од просекот.

Од почетокот на месецов се бележи благо намалување на водостојот, до денес за два сантиметри.

Во Охрид денес сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до 33. степени.

– Денеска ќе се задржи многу топло време, а во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец (над 60 km/h). Поради продор на посвежа воздушна маса од север и засилен северен ветер (над 60 km/h) во среда, а особено во четврток ќе има значително опаѓање на дневната температура (од 8 до 10 степени). Во среда претежно во северните делови ќе има услови за повремен дожд, а во петок локална нестабилност со пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес/УХМР

Post navigation

Previous Муцунски во Охрид домаќин на албанскиот колега Хасани, унапредување на добрососедските односи и продлабочување на соработката во фокусот
Next Продолжува соработката меѓу Црвен крст Охрид и Национален парк Галичица

Слични вести

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани
1 min read

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Завидни резултати за охридските стрелци на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма Завидни резултати за охридските стрелци на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма
1 min read

Завидни резултати за охридските стрелци на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.