Охрид, 15. мај 2025 (ИНПРЕС) – Нивото на водата во Охридското Езеро бележи значителен раст, но недоволно за да го достигне просечното за овој период од годината.
Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР) водостојот е на кота од 693,41 м.н.в што е за 24 сантиметри под просекот за овој месец (693,65 м.н.в) и 31 сантиметар над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода, измерена утрово е 15 степени, идентична со просечната.
Од почетокот на месецов водостојот е покачен за 3 сантиметри.

Со надеж дека одговорните ќе преземат соодветни мерки и нема да ни се случи „Преспанизација“ на Охридското Езеро, на OhridPress со месеци наназад ја објавувавме рубриката „До кај сме“ каде секој ден објавуваме по една фотографија од истата локација од процесот на претворање на охридското „Островче“ во полуостров.
Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди и услови за локален дожд кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до 20. степени.
– Под влијание на влажен бран, денеска, кон крајот на денот, во текот на ноќта кон петок и во петок најпрвин во западните, а потоа и во останатите делови, ќе има обилни врнежи од дожд (над 30л/м2). На повисоките планини ќе има услови за повремен снег. Денеска ќе дува умерен до засилен југоисточен, а во петок северен ветер (над 60 км/ч), особено вдолж Повардарието. Дневните температури значително ќе опаднат. Во деновите од викендот и во понеделник ќе има услови за слаб локален дожд, а дневните температури повторно ќе бидат во пораст, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес/УХМР
