September 30, 2016

Атина, 30. септември 2016 (ИНПРЕС) – Со цел да го олесни притисокот врз островите во источниот дел на Егејското Mоре, официјална Атина испитувала начини да се овозможи префрлање на бегалци и мигранти во затворени кампови на копното.

Бегалците и мигрантите, кои на грчките острови пристигнале после 20 март не можат да бидат вклучени во програмата за преселба во согласност со одлуката донесена во јуни од страна на Советот за внатрешни работи, изјави шефот на грчката служба за азил Марија Ставропулу за „Катимерини“.

Како што јавува официјална Атина, префрлањето на бегалци и мигранти ќе го направи без притоа да го прекрши договорот меѓу Европската унија и Турција за намалување на приливот на бегалци. (Крај)

извор: МИА фото: архива