Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Во Охрид одбележан Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди

Во Охрид одбележан Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди

1 min read
Во Охрид одбележан Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди

Охрид, 18. ноември 2025 (ИНПРЕС) – Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на Општина Охрид и Секторот за внатрешни работи Охрид во координација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот го одбележа 16-ти ноември, „Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди”.

На главните сообраќајници во Охрид, Бул. „Туристичка“ и Бул.„Железничка“, на возачите им беа поделени превентивно-едукативни летоци со порака секој да се присети на вредноста на човековиот живот и почитувањето на сообраќајните правила и прописи. Исто така, учесниците во сообраќајот беа информирани за бројот на жртви и повредени на годишно ниво од сообраќајни незгоди, во нашата држава и во светот.

Статистички на светско ниво во 2024 година околу 1,35 милиони лица се загинати во сообраќајни незгоди, додека над 50 милиони лица биле повредени. Во Македонија во 2024 година 142 лица го загубиле животот во сообраќајни незгоди, додека 7.156 лица биле повредени.

Целта на спроведената активност е да се зголеми свеста за одговорно и безбедно возење со што ќе се даде придонес за намалување на бројот на жртви во сообраќајни незгоди. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Ракометарки од ЖРК Струга на подготовки со македонската пионерска репрезентација
Next Државен првак и четири трети места за каратистите на „Кун-Су-То“ на првенство во Скопје

Слични вести

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.