Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Во април во Охрид издадени 10 одобренија за градба, во Струга ниту едно, во Дебрца 13

Во април во Охрид издадени 10 одобренија за градба, во Струга ниту едно, во Дебрца 13

Во април во Охрид издадени 10 одобренија за градба, во Струга ниту едно, во Дебрца 13

Охрид, 12. јуни 2025 (ИНПРЕС) – Во месец април во Охрид биле издадени 10 одобренија за градење, објавија од Државниот завод за статистика на Република Македонија.

Од нив по пет се на физичко лице и деловен субјект. Предвидена е градба на 207 станови, најмногу двособни, со вкупна корисна површина од 12.431 м². Во анализираниот период во општина Струга нема издадени одобренија, додека во Дебрца дури 13 одобренија.

На ниво на Република Македонија, во април 2025 година издадени се 357 одобренија за градење. Од вкупниот број на издадени одобренија, 177 се наменети за објекти од високоградба, 61 за објекти од нискоградба и 119 за објекти за реконструкција. Од вкупно 357 објекти, на 154 како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 203 инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 729 станови, со вкупна корисна површина од 60.833 м². (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Со едногласна одлука на Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА, игуменот Георгиј е избран за митрополит на Дебарско-кичевската епархија
Next Денес официјално ќе биде пуштен во употреба реконструираниот магистрален пат Охрид – Св.Наум

Слични вести

Вечерва годишен концерт на ООМУ „Методи Патче“ во црквата „Св. Софија“ Вечерва годишен концерт на ООМУ „Методи Патче“ во црквата „Св. Софија“

Вечерва годишен концерт на ООМУ „Методи Патче“ во црквата „Св. Софија“

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“
1 min read

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни
1 min read

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.