Охрид, 11. јули 2025 (ИНПРЕС) – Во месец мај во Охрид биле издадени 10 одобренија за градење, објавија од Државниот завод за статистика на Република Македонија.
Од нив три се на физичко лице и седум на деловен субјект. Предвидена е градба на 14 станови, најмногу петсобни, со вкупна корисна површина од 1.395 м². Во анализираниот период во општина Струга нема издадени одобренија, додека во Дебрца имало 5 одобренија.
На ниво на Република Македонија, во мај 2025 година издадени се 469 одобренија за градење. Од вкупниот број на издадени одобренија, 255 се наменети за објекти од високоградба, 104 за објекти од нискоградба и 110 за објекти за реконструкција. Од вкупно 469 објекти, на 232 како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 237 инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 1.037 станови, со вкупна корисна површина од 90.813 м². (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес
