Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Во недела промоција на книгата „Светило на врв планина“, илустрирано житие на Св. Спаса Вишенска

Во недела промоција на книгата „Светило на врв планина“, илустрирано житие на Св. Спаса Вишенска

1 min read
Во недела промоција на книгата „Светило на врв планина“, илустрирано житие на Св. Спаса Вишенска

Струга, 23. мај 2025 (ИНПРЕС) – Оваа недела, 25-ти мај во Струга ќе биде промовирана книгата „Светило на врв планина“ од Јасмина Кантарџиева- Димков, илустрирано и адаптирано житие на Св. Спаса Вишенска за деца и возрасни.

Не е првпат во Православната традиција да се илустрира житие на светител и на таков начин да се доближи до најмладите членови на Црквата, но првпат е да се илустрира и адаптира за деца житие на светител канонизиран од Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија, изјави за Супер радио и InPress уредникот на изданието протојереј-ставрофор Александар Димоски.

– Можеби не многу голема по обем, сликовницата „Светило на врв планина“ сигурно ќе стане нечие детско Евангелие. Односно преку нејзините страни, низ житето на света Спаса, гласот Божји ќе допре до детските уши и ќе ги згрее невините срца. Единствен и главен мотив низ страните на книгата е љубовта Христова, која на човекот му дава можност вечно да постои, како во нашиов пример со света Спаса. Затоа и целта на книгата ќе биде, љубовта на младите читатели низ ова книжевно патување да се принесе на олтарот на Вечната Љубов, каде вечно ќе гори, секако со помош и по молитвите на света Спаса, вели отец Димоски.

Промоцијата, не случајно е закажана за 25-ти мај, затоа што на тој датум првпат ќе ги прославиме светите исповедници Спасе Вевчански и Спаса Вишенска, по нивната минатогодишна канонизација и прослава од страна на Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА.

Книгата ја илустрираше Викторија Попоска, а промотори ќе бидат Верица Мукоска и Александар Крстаноски. Промоцијата ќе се одржи во Центар за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, со почеток во 17:00 часот.

Минатата година во месец јуни се одржи свечениот чин на канонизација на Спасе и Спаса Вишенски. Синодот на МПЦ-Охридска Архиепископија ги вброи во редот на светиите, а со канонизацијата заврши еден процес што траеше еден век. Одлучено беше да се празнуваат во неделата пред Спасовден, односно секогаш во шестата недела после Велигден. Датумот ќе се менува во зависност од Велигден, но денот ќе остане недела. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Работилница за знаковен јазик денес во Црвен крст Охрид
Next Прекин во водоснабдувањето на улица „Карпош Војвода“

Слични вести

Во тек е пријавувањето за 51. турнир во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта Во тек е пријавувањето за 51. турнир во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта
1 min read

Во тек е пријавувањето за 51. турнир во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта

Вечерва годишен концерт на ООМУ „Методи Патче“ во црквата „Св. Софија“ Вечерва годишен концерт на ООМУ „Методи Патче“ во црквата „Св. Софија“

Вечерва годишен концерт на ООМУ „Методи Патче“ во црквата „Св. Софија“

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“
1 min read

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.