Охрид, 19. август 2025 (ИНПРЕС) – Во месец јуни во Охрид биле издадени 3 одобренија за градење, објавија од Државниот завод за статистика на Република Македонија.
Од нив едно е на физичко лице и две на деловен субјект. Предвидена е градба на 44 станови, најмногу трособни, со вкупна корисна површина од 2.787 м². Во анализираниот период во општина Струга нема издадени одобренија, додека во Дебрца имало едно одобрение.
На ниво на Република Македонија, во јуни 2025 година издадени се 213 одобренија за градење. Од вкупниот број на издадени одобренија, 120 се наменети за објекти од високоградба, 37 за објекти од нискоградба и 56 за објекти за реконструкција. Од вкупно 213 објекти, на 110 како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 103 инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 260 станови, со вкупна корисна површина од 25.680 м². (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес
