Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Во јуни ќе се одржи 6. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото

Во јуни ќе се одржи 6. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото

1 min read
Во јуни ќе се одржи 6. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото

Охрид, 11. март 2025 (ИНПРЕС) – Авантуристичкиот клуб „Mountain Madness“ по шести пат организира незаборавен викенд со многу авантура, планинарење, велосипедизам, логорување, забава и уживање – Фестивал на планината и езерото 2025.

Ќе се одржи на 21-ви и 22-ри јуни.

– Авантурата започнува во сабота на 21-ви јуни со рекреативни велосипедски тури на локации покрај Охридското Езеро, со што ќе се одбележи Денот на Охридското Езеро – 21. Јуни. Настанот продолжува во попладневните часови, со логорување во месноста „Корита“ каде што се организира камп со логорски оган и уживање со звуците на гитарата, но и во вкусна традиционална храна. Во текот на вечерта присутните ќе се запознаат и со дел од приказната и интерсни случи на планината Галичица, информираат организаторите.

Главниот настан, искачување до врвот Магаро ќе биде во недела, на 22-ри јуни, од 08:00 часот. Акцијата започнува со стартна точка од месноста „Липова Ливада“ која се наога на 1.600 м.н.в. Патеката е во должина од 9 километри и во времетраење од 5 часа во двата правци.

Оваа година ќе се организира и полесна тура од истата стартна точка до врвот Лако Сигној, од каде се простира одличен поглед на двете езера.

– По искачувањето на врвовите, ќе се следи забава на плажа сé до зајдисонце. Не пропуштајте ја единствената можност во ист ден да бидете на врвот на планината и да се капете во Охридското Езеро. Настанот се организира со поддршка од Општина Охрид и НП „Галичица“.
Галичица е планина сместена помеѓу двете најголеми езера во Република Македонија, Охридското и Преспанското. Врвовите на Галичица нудат неверојатен поглед кон двете езера и околните планини.Со оглед на тоа што фестивалот вклучува повеќе настани, од вело тура, логорување, искачување на Магаро, забава на плажа… избор на учесникот е во која ќе се вклучи, а може да направи и комбинација. За време на акцијата за сите учесници влезот во НП „Галичица“ ќе биде слободен.
Секој учесник треба да поседува планинарска опрема, храна од ранец и 1,5 литар вода. Учесниците одат на своја одговорност и за секое непочитување на маршутата и правилата поставени од организаторот сами одоговараат за последиците, стои во поканата до сите добронамерници.

За подетални информации сите заинтересирани можат да ги контактираат Танески Мишко на 070/771-193 и Голабоски Жанко на 075/607-608. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Туристичките водичи до крај на неделава да ја ажурираат својата регистрација
Next Охриѓанката Анастасија Смилевска освои злато на меѓународен карате турнир во Скопје

Слични вести

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ
1 min read

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил
1 min read

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.