Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Време е филмови под ѕвездите во Охрид, утре започнува 8. Beach Film Festival

Време е филмови под ѕвездите во Охрид, утре започнува 8. Beach Film Festival

1 min read
Време е филмови под ѕвездите во Охрид, утре започнува 8. Beach Film Festival

Охрид, 22. јули 2025 (ИНПРЕС) – Од утре до 27-ми јули Охрид ќе биде домаќин на осмото издание на Beach Film Festival.

Фестивалот и годинава ќе понуди програма со филмски проекции и музички перформанси на четири локации во Охрид, и тоа на плажите „Славија“ и „Сараиште“, брод „Армада“ и Младински Центар Охрид.

Годинава публиката ќе ужива во над 60 филмови од современата европска кинематографија.

– „Beach Film Festival“ не е само платформа за филмови, туку и за идеи – за поврзување преку култура. Во магичниот амбиент на Охридското Езеро, помеѓу старото јадро и ноќните проекции под отворено небо, фестивалот ја оживува визијата за култура која не е затворена во сали, туку дише заедно со градот и со публиката. Отворањето на фестивалот е закажано за утревечер, со проекција под отворено небо на плажата Славија – почеток на петдневна филмска авантура покрај езерото, велат организаторите.

Фестивалот има и натпреварувачки карактер, со доделување награди за најдобар долгометражен и краткометражен филм, најдобро актерско остварување, како и специјално признание за најдобар студентски краткометражен филм.

За главната награда ќе одлучува четиричлено меѓународно жири составено од Хуан Албарацин (режисер и сценарист, Шпанија), Танасис Неофотистос (режисер и писател, Грција), Натан Силвер (режисер, САД) и Патрик Бихтинг (режисер и продуцент, Германија). Првпат оваа година своја награда ќе додели и младото жири во состав: Агнес Лахтова, Димитриј Мартиновски и Иво Георгиески.

Сите средства од продадените билети и доброволни донации ќе бидат донирани на погодените семејства од пожарот во Кочани.

Како најава за годинашното фестивалско издание од 2-ри до 6-ти јули на „Сараиште“ беа прикажани неколку филмови.(Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Точков: 11 охридски капалишта имаат воспоставено услови и критериуми за безбедно капење, бројот на ангажирани спасители не е доволен
Next Охридскиот композитор Гоце Гавриловски освои втора награда на престижен меѓународен натпревар во Атланта, САД

Слични вести

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо
1 min read

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.