Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Грција се согласува на прифатливо име со географска одредница за севкупна употреба

Грција се согласува на прифатливо име со географска одредница за севкупна употреба

1 min read

Атина, 23. септември 2016 (ИНПРЕС) – Грција не отстапува од ставот дека за решавање на спорот за името со Македонија прифатливо е сложено име со географска одредница за севкупна употреба.

Ова го потврди и грчкиот премиер Алексис Ципрас доцна синоќа во обраќањето на Генералното собрание на ОН. Тој, според грчките медиуми, говорел и за подобрување на односите со земјава, осврнувајќи се на мерките за градење доверба.

– Што се однесува до прашањето за името на бившата југословенска Република Македонија ние и натаму поддржуваме изнаоѓање заеднички прифатливо сложено име со географска одредница за севкупна употреба-ерга омнес. Поттикнавме мерки за градење доверба, чија цел е зајакнување на довербата и на прекуграничната соработка, рече Ципрас.

Прашањето за името и грчките ставови биле една од темите и на средбата на Нимиц со генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, на која присуствувал и посредникот Метју Нимиц.

Грчките медиуми пренесуваат дека генералниот секретар на ОН рекол дека „особено позитивни“ ги смета мерките за градење доверба меѓу двете земји, а Ципрас го повторил ставот за сложено име со географска одредница за севкупна употреба, додавајќи дека Атина работи на изнаоѓање такво решение. (Крај)

извор: МКД.мк фото: архива

Post navigation

Previous Рекордни 57 агенции пријавени за BalCannes ревијата
Next Регистриран земјотрес на Родос

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.