Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Грчките граѓани се за решение на спорот за името, но без терминот Македонија

Грчките граѓани се за решение на спорот за името, но без терминот Македонија

1 min read

Атина, 22. октомври 2016 (ИНПРЕС) – Повеќе од половина Грци не прифаќаат терминот „Македонија“ да стои во конечното решение за името на нашата земја, а само тројца од 10 Грци прифаќаат сложено решение за името во преговорите меѓу двете држави.

Ова го покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење во Грција околу македонско-грчките односи и спорот за името, спроведена од грчката фондација за надворешна политика „Елиамеп“ во соработка со Универзитетот „Македониа“, во рамки на програмата „Дијалог во Југоисточна Европа“ на Универзитетот „Колумбија“.

Анкетата која е спроведена на репрезентативен примерок од 1.000 лица, покажува дека со официјалната грчка позиција, односно сложено име со терминот „Македонија“, се согласуваат само 28 отсто од испитаниците, додека дури 57 отсто бараат конечното решение на името воопшто да не го содржи терминот „Македонија“. Само 10 отсто, односно еден од десет Грци поддржуваат Македонија да го задржи уставното име.

Од испитаниците, 77 отсто сметаат дека е важно да се реши прашањето за името. Во најголем процент станува збор за повозрасни луѓе со помал степен на образование, додека помладите и тие со повисоко образование не го гледаат спорот за името како особено приоритетен. Одолжувањето на решавањето на спорот, според 71 процент од испитаниците, ѝ наштетува на Грција.

Мнозинството од испитаниците не се оптимисти дека односите меѓу двете страни ќе се подобрат во следните години и главно веруваат дека ќе останат како што се или, пак, ќе се влошат. Сепак, 51,5 отсто сметаат дека решението за името би им било од корист и на двете страни. (Крај)

извор: Мета фото: архива

Post navigation

Previous Ципрас: Грција го носи целиот товар од бегалскиот проблем
Next Павлопулос со нови провокации: Ќе го бранам грчкиот идентитет на Македонија

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.