Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • ДИК: Градоначалници се избрани во 43 општини, во 33 ќе има втор круг, во 4 прегласување

ДИК: Градоначалници се избрани во 43 општини, во 33 ќе има втор круг, во 4 прегласување

1 min read
ДИК: Градоначалници се избрани во 43 општини, во 33 ќе има втор круг, во 4 прегласување

Скопје/Охрид, 21. октомври 2025 (ИНПРЕС) – Државната изборна комисија (ДИК) ги објави првичните официјални резултати од осмите локални избори што се одржаа во неделата.

Гласањето за избор на градоначалници во првиот круг е завршено во 43 општини, меѓу нив и Охрид, во 33 ќе има втор круг, а во четири општини ќе се повтори првиот круг поради недоволен цензус. Излезноста на локалните избори е 46,63%, односно на изборите излегле да гласаат  854.620 граѓани.

Во вториот изборен круг за победник се смета оној кандидат кој ќе освои повеќе гласови, нема цензус. Во четири општини каде што не се исполнети законските услови за излезност од законскиот минимум од една третина од запишаните избирачи на ниво на општина, ќе се повтори целиот прв изборен круг и тоа во рок од 60 дена од денот на објавувањето на конечните резултати. Повторување на првиот круг на избори поради недоволен цензус ќе има во Гостивар, во Маврово и Ростуше, Врапчиште и во Центар Жупа.

ДИК ги соопшти и освоените советнички мандати по опшини на локалните избори.

Во Охрид досегашниот градоначалник Кирил Пецаков како кандидат на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“ и во наредните четири годиини ќе ја предводи локалната самоуправа. Тој освои 16.565 гласови (63,91%), пред д-р Асен Шајн од СДСМ и Коалицијата со освоени 6.151 Гоце Цветковски со 830 и Стевче Стевоски од Твоја партија со освоени 450 гласови.

Коалицијата на ВМРО ДПМНЕ освои најмногу гласови и на советничката листа, а со тоа и најмногу советници, 13, СДСМ има 5, Движењето ЗНАМ 2 и по еден од Левица, Демократска партија на Турците и независниот Рушан Хода. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous „Време е за допир – почни од себе“ настан посветен на превенција од рак на дојка
Next Општина Охрид со бројни свечености по повод 23. Октомври, Денот на македонската револуционерна борба

Слични вести

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.