Двајца стружани затекнати при користење марихуана
July 24, 2025

Струга, 24. јули 2025 (ИНПРЕС) – На 23-ти јули 2025 во 20:30 часот, полициски службеници од Регионалниот центар Запад во близина на авто камп, лоциран на струшкото крајбрежје, лишија од слобода две лица на 18 годишна возраст од Струга.

Тие се затекнати при користење марихуана, која едното лице се обидело да ја сокрие во моментот кога ги забележал полициските службеници.

Дрогата е одземена и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива