Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Nekategorizirano
  • Деновиве ќе бидат објавени добитниците на општинските признанија, поднесени се 5 апликации за награда и 10 за повелбите – Патрон на градот „Св. Климент Охридски“

Деновиве ќе бидат објавени добитниците на општинските признанија, поднесени се 5 апликации за награда и 10 за повелбите – Патрон на градот „Св. Климент Охридски“

1 min read
Деновиве ќе бидат објавени добитниците на општинските признанија, поднесени се 5 апликации за награда и 10 за повелбите – Патрон на градот „Св. Климент Охридски“

Охрид, 3. декември 2025 (ИНПРЕС) – Деновиве се очекува да бидат објавени добитниците на наградата и повелбите Патрон на градот „Св .Климент Охридски”.

Како што веќе објавивме, за највисокото општинско признание се поднесени пет, додека за повелбите десет апликации. Комисија ги разгледува пристигнатите предлози и треба да донесе одлука за добитниците најдоцна до 7- ми декември.

Конкурси за доделуавање на награда и повелби се објавуваат секоја година, по повод 8. Декември, „Св. Климент Охридски“. Наградата се доделува за животно дело, односно долгогодишни остварувања и врвни достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење за Општина Охрид и кои имаат голем придонес во нејзиниот развој, напредок и севкупна афирмација во Република Македонија и светот. Се доделува на еден добитник, само еднаш. Повелбите се доделуваат за остварувања и достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење и имаат посебен придонес во равојот и севкупниот напредок и афирмација на Општина Охрид во Република Македонија и во светот, во период од една година, а може да се додели максимум на пет добитници.

Минатата година д-р Павле Митрески годиби најпрестижното општинско признание, наградата Патрон на градот Св. Климент Охридски, додека добитници на повелби беа Клубот за подводни дејности Охрид и Здружението на граѓани НАТГ „Аматер“ од Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Почнуваат свеченостите за одбележување на празникот Св. Климент Охридски – Патрон на градот
Next Крводарителска акција со учениците и вработените од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“

Слични вести

New Order објавија ремастеризирана верзија од албумот „Brotherhood“ од 1986 година
1 min read

New Order објавија ремастеризирана верзија од албумот „Brotherhood“ од 1986 година

По пад од балкон на хотел во Буенос Аирес почина Liam Payne, поранешен член на One Direction
1 min read

По пад од балкон на хотел во Буенос Аирес почина Liam Payne, поранешен член на One Direction

Snow Patrol го издадоа новиот албум „The Forest Is The Path“
1 min read

Snow Patrol го издадоа новиот албум „The Forest Is The Path“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.