Охрид, 28. февруари 2025 (ИНПРЕС) – Членовите на Детското драмско студио „Драмакидз“ утре во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе ја изведат детската претстава „Цепенков’N’Roll“.
– „Цепенков’N’Roll“ е патување низ времето и мудростите на македонската традиција, преку кое ќе направиме мост помеѓу старите преданија и модерната култура. Оваа претстава ги истражува богатствата на македонското усно творештво но со еден свеж и провокативен пристап. Со почитување на традиционалните поуки, нашите млади актери ќе зборуваат и пеат со јазикот на денешницата, информираат од „Драмакидз“.
Улогите ги толкуваат: Евгенија, Бојан, Ирма, Леона С, Јана, Горазд, Бојана, Наталија, Ангел, Леона П, Марија, Лора, Леа, Матеј, Климент, Софија, Илина, Коста, Борис, Мила, Даријан и Елеонора. Режисер е Ирена Стеријовска Јончевска, драматургија Ирена Стеријовска Јончевска и Кристина Тодороска Петреска.
Почетокот на претставата е во 12:00 часот, а билети по цена од 150 денари можат да се купат на билетарата при Центарот. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
