Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Дива мачка во пештерата Свинска стрна во НП Галичица

Дива мачка во пештерата Свинска стрна во НП Галичица

1 min read
Дива мачка во пештерата Свинска стрна во НП Галичица

Охрид, 2. јуни 2025 (ИНПРЕС) – Камера поставена пред пештерата Свинска стрна регистрираше дива мачка што ја корисисти оваа пештера во Националниот парк „Галичица“ како привремено живеалиште.

Во рамки на проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во НП „Галичица“ воспоставен е редовен мониторинг на пештерите, што е одлична алатка за проучување на пештерските екосистеми во заштитеното подрачје.

– Дивата мачка претставува загрозен вид. На главата има кратка муцка и кратки уши. Има тело кое е покрено со густо сиво-кафеаво крзно, со напречни темни шарки и една темна по должината на грбот. На кратката дебела опашка има црни прстени и црн врв. На предните нозе има пет прсти, а на задните четири. Живее во шуми со шумски чистини. Има одлично развиен слух, вид и допир, а послабо развиен мирис. Дивата мачка е месојад кој лови зајаци, птици, глувци. Лови приквечер или во зори. Добро трча и се качува по дрвја. Мажјакот е поголем од женката. Неговото тело е долго до 90 cm и е тежок до 15 кг. Женката при крајот на пролетта окотува до 4 младенчиња во засолниште меѓу камења или во шупливо стебло, ретко во грмушки. Обично живее 10-12 години, информираат од охридскиот Црвен крст.

Проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во НП „Галичица“ е поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT, а го спроведуваат Црвен крст Охрид и Истражувачко друштво „Урсус спелеос“ – Скопје во соработка со ЈУ Национален парк „Галичица“. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous На средина од месецов уписи во средните училишта, во Охрид може да се запишат 783 полуматуранти
Next Жителите на улица „Јане Сандански“ неколку часа без вода

Слични вести

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо
1 min read

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.