Охрид, 2. септември 2025 (ИНПРЕС) – Охриѓаните Љупчо Паункоски и Томе Љушев – Шпанец освоија дипломи за нивните краткометражни филмови на 85. меѓународен фестивал UNICA што се одржа во Бирмингем, Англија.
Во конкуренција на 80 краткометражни филмови од 24 земји, Паункоски учествуваше со документарниот филм „Киното Охридско Езеро“, додека Љушев со „Страсна недела-Бигорски манастир“. Покрај нив двајца, меѓу македонските претставници беше и филмот „Црвени рози“ на Петре Чаповски, кој исто така освои диплома.

На годинашното фестивалски издание не биле доделени златни медали, туку само сребрени, бронзени и дипломи.
Ова е само продолжение на низата награди и признанија што ги добиваат Паункоски и Љушев, како за овие две остварувања, така и за останатите нивни филмски дела. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
