Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Досега 14 невработени лица во Охрид се пријавиле да бидат ангажирани како пожарникари

Досега 14 невработени лица во Охрид се пријавиле да бидат ангажирани како пожарникари

1 min read
Досега 14 невработени лица во Охрид се пријавиле да бидат ангажирани како пожарникари

Охрид, 17. јули 2025 (ИНПРЕС) – Досега се пријавени 14 лица на јавниот повик за работно ангажирање на невработени лица за заштита и превенција од пожари и заштита и оплеменување на животната средина, информираат за Супер радио и OhridPress од охридскиот Центар за вработување.

Повикот предвидува работно ангажирање на 10 невработени лица, рокот за пријавување истекува денес во 15:00 часот, а од Центарот очекуваат да добијат уште некоја пријава.

Работното ангажирање на невработените лица ќе биде реализирано за период до најмногу 5 (пет) месеци. За кандидатите што ќе бидат избрани и работно ангажирани се предвидува да им биде исплатен месечен износ од 24.000 денари со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест и данок на личен доход.

Изборот на кандидати ќе го спроведе општината во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и Противпожарен сојуз на Македонија. Кандидатите се должни да учествуваат на обука организирана од Противпожарниот сојуз на Македонија за користење противпожарна опрема и стекнување на вештини за справување и превенција од пожари. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Утревечер петто издание на музичко-сценската манифестација „Малите ѕвездички со Ка Двојче“
Next Продолжен јавниот повик за ангажирање невработени лица за заштита и превенција од пожари и заштита и оплеменување на животната средина

Слични вести

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.