Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Жан Митрев клиника континуирано општествено одговорна институција: Силна поддршка и за слепите и слабовидните лица

Жан Митрев клиника континуирано општествено одговорна институција: Силна поддршка и за слепите и слабовидните лица

1 min read
Жан Митрев клиника континуирано општествено одговорна институција: Силна поддршка и за слепите и слабовидните лица

Охрид, 25. јули 2025 (ИНПРЕС) – Членови на Националниот сојуз на слепи и слабовидни лица предводени од претседателот Жарко Селковски беа во посета на Референтниот центар на „Жан Митрев“ клиника во Охрид.

Деновиве тие учествуваат на Државно првенство на слепи лица во шах за мажи и жени. Со Татјана Ристова Димова, психолог, психотерапевт, разговараа за досегашната соработка во поглед на психолошка поддршка пред важни натпревари на лицата со оштетен вид.

– Пред две години во соработка со Татјана која веќе има 15-20 години како соработуваме преку заводот и ни требаше терапија за подготовка за светското првенство и мислам дека многу ни помогна за смирување, бидејќи тоа натпреварување има тежина, а ние како неискусни ни требаше таква психолошка поддршка. Засега тоа ни беше приоритетно пред натпреварите, а верувам дека и понатаму ќе продолжиме да сорботуваме, истакна претседателот Селковски.

Тој се осврна на потребите што ги имаат оваа категорија лица во поглед на достапноста и набавката на помагала. Вели треба волја и желба за системско решавање на проблемот, бидејќи во цел свет постапката оди преку Фонд за здравство, каде според инвалидноста се доделуваат неколку видови на помагала за слепите лица, само овде кај нас нема.

– Скоро, кога разговаравме за помагалата, за право на бело стапче, но кога видовме во правилникот истото имаат можност да го земат само лица со една дијагноза и тоа таа дијагноза од кога е изготвен правилникот пред 15-20 години и не верувам дека со таква дијагноза и дека имаме такви членови сега. Мислиме дека тоа треба со проценка од очен лекар да дозволи, дали следува или не следува. Сакаме да преговараме и разговараме со Фондот за да направиме барем дел од помагалата што се неопходни, пред сѐ од здравството. Од очна клиника ни дадоа дозвола за 4-5 помагала, како апарат за мерење крвен притисок, за шеќер, топломер…
Овој проблем трае со години никако да го решиме системски. До 2016 година Владата ни даваше наменски средства за да набавиме дел од помагалата и да ги распоредиме по членството, се додека не се најде системско решение. После тоа ни ги скратија и тие средства и сега останавме без никакво помагало во моментов, истакна Селковски.

Мирсада Бакиќ, наставник во Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ Скопје, меѓудругото, ја истакна потребата од отворање соодветен реха центар за лицата кои подоцна во текот на животот добиле слепило.

– Како идеја за оние кои подоцна се ослепени, мора грижа и за нив, да се отвори како еден реха центар, кој ќе биде покриен пред сѐ со психолошка поддршка, а потоа со сите други, како и повторно социјална инклузија бидејќи тие лица се повлекуваат во себе и повторно им е потребна комуникација. Повторно значи се доаѓа до оној момент психолошки, да бидат подготвени да ја прифатат својата ситуација и потоа да работат на надградба на сѐ останато што им е потребно. Се надеваме дека во иднина ќе успееме да се избориме и за тие работи, рече Бакиќ.

Татјана Ристова Димова истакна дека Референтниот центар на „Жан Митрев“ клиника во Охрид останува активен на подрачјето на Охрид, а овојпат беше опфатена една многу ранлива категорија, а тоа се слепите и слабовидните лица.

– Во однос на подобрување на квалитетот на нивниот живот Референтниот центар овојпат има една задача да ги излистаме со овие значајни луѓе сите оние потреби што навистина им го прават светот подостапен и прибележувајќи ги сите нивни потреби во однос на здравственот дел да се потрудиме, секогаш како општествено одговорна организација како Жан Митрев клиника, да отвориме уште една голема врата, приближувајќи ги нашите услуги кон нивните потреби, со единствена цел да се подобри квалитетот, да се подобри задравствената состојба и севкупниот живот на оваа таргет група, потенцира Ристова Димова.

Верува дека заеднички, онаа психолошка поддршка што ја имаат од 2008 година со Националниот сојуз ќе ја преточат во една поразвојна програма на која работеле неколку години претходно и во поврзување на здравствениот систем со социјалната заштита ќе може навистина да се верува дека тоа ќе значи подобар и полесен прсистап, подобри услуги и негување на здравстсвената состојба на овие лица. (Крај)

извор: ИнПрес фото/видео: ОхридПрес

Post navigation

Previous Од јануари до јуни од аеродоромот „Св. Апостол Павле“ се превезени 103.792 патници
Next Денес можен неколкучасовен прекин во водоснабдувањето и намален притисок во делови од Охрид

Слични вести

Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување
1 min read

Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење во градот ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење во градот
1 min read

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење во градот

Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“ Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“
1 min read

Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.