Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Заврши судењето на градоначалникот на Струга за назначувањето директори на училишта, утре изрекувањето на пресудата

Заврши судењето на градоначалникот на Струга за назначувањето директори на училишта, утре изрекувањето на пресудата

Заврши судењето на градоначалникот на Струга за назначувањето директори на училишта, утре изрекувањето на пресудата

Рамиз Мерко

Струга, 19. јуни 2025 (ИНПРЕС) – Со изведувањето на завршните зборови на преставниците на Основното јавно обвинителство и на застапникот на одбраната денеска пред Основниот суд во Струга заврши судскиот процес против градоначалникот Рамиз Мерко, кој е обвинет за незаконско назначување директори во основните училишта во селата Лабуништа, Радолишта и Подгорци.

Јавните обвинители Ванеса Бизати Билјали и Џемал Лога во завршните зборови посочија дека обвинетиот во својство на градоначалник несомнено во повеќе наврати постапил спротивно позитивните законски прописи и овластувања, со именување на функцијата вршител директор на лица кои не ги исполнувале условите. Мерко според нив, назначувал в.д. директори без одлука на училишните одбори, без објавен оглас, несовесно постапувал и при употребата на неговите дискрециони овластувања како градоначалник, со што бил нарушен, меѓу другото, и процесот на функционирање на образовните установи.

Застапникот на одбраната, адвокатот Игор Петковски, во завршниот збор истакна дека обвинителството во процесот не успеало да докаже вина на обвинетиот, односно „несовесно работење во службата“.

Тој истакна дека од изведените докази во главната расправа несомено не е утврдена намера кај обвинетиот за прибавување некаква корист за друг или нанесување штета, туку да се овозможи непречена работа на училиштата.

Притоа посочувајќи недоследности во доказниот материјал, тој рече дека градоначалникот не е единствен правен субјект кој има дискреционо овластување, што само по себе веќе на тој начин не е дискреционо право.

Истовремено одбраната меѓу другото укажа на спротивставени мислења изнесени во изјавите на вештите лица од економска струка, кои, како што беше посочено, дијаметрално се разликуваат во мислењата за тоа од каде се исплаќани платите за односните в.д. директори, дали од сметката на училиштата или преку блок дотации што се наменски средства обезбедени преку буџетот на Општината…

Судијата Јордан Јованов што води повеќе предмети против градоначалникот Мерко, рече дека пресудата по овие два предмети ќе ја објави утре.

Одвоениот предмет што против Мерко се води уште за назначувањето директор во училиштето „Браќа Миладиновци“ е во завршна фаза, разврската се очекува наредниот месец. За наредниот месец судијата Јованов го закажа и рочиштето по предметот за училиштето во селото Велешта, каде има и обвинети што се товарат и за фалсификување исправа, на кое останува да се сослуша уште само еден сведок. (Крај)

извор: Телевизија 24 фото: архива

Post navigation

Previous Лазаревски: На Меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Охрид Опен” досега пријавени над 270 натпреварувачи од 8 земји
Next Во недела 7. Меѓународен хорски фестивал „Гласот на Охрид“ во организација на градскиот хор Vox Lychnidos

Слични вести

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани
1 min read

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Завидни резултати за охридските стрелци на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма Завидни резултати за охридските стрелци на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма
1 min read

Завидни резултати за охридските стрелци на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.