Охрид, 10. јуни 2025 (ИНПРЕС) – За основците и средношколците денеска завршува учебната 2024/2025 година.
За учениците официјално стартува летниот распуст што ќе трае до 31-ви август, кога повторно ќе се вратат во училишните клупи.
За матурантите наставата заврши на 16-ти мај, а утре ќе го полагаат вториот екстерен испит од државната матура. Првиот, задолжителниот испит по мајчин јазик, го полагаа на 31-ви мај, кога над 15.000 матуранти седнаа на испитната клупа.
Полуматурантите, пак, неделава ги очекуваат уписите во прва година средно образование. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
