Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Започнаа уписите на Факултетот за туризам и угостителство, има место за 256 бруцоши

Започнаа уписите на Факултетот за туризам и угостителство, има место за 256 бруцоши

1 min read
Започнаа уписите на Факултетот за туризам и угостителство, има место за 256 бруцоши

Охрид, 19. август 2025 (ИНПРЕС) – Започнаа уписите во прва година – прв циклус на студии на јавните високообразовни установи во академската 2025/2026 година.

На Факултетот за туризам и угостителство (ФТУ) може да се запишат 256 студенти во прва година.

Редовни студенти во државна квота, со партиципација од 200 евра ќе може да се запишат вкупно 104, редовни со кофинансирање од 400 евра – 94, а има место и за 58 вонредни студенти, со партиципација од 400 евра.

Идните академски граѓани може да избираат меѓу студиските програми за туризам, каде има 50 слободни места, осигурување и менаџмен со ризик 35, царина и шпедиција 50, за менаџмент во услужен сектор предвидени се 50 места, на гастрономија 15, а на хотелско-ресторански менаџмет може да се запишат 30 средношколци.

И оваа академска година ќе бидат активни студиските програми на англиски јазик, на насоките туризам и царина и шпедиција, а ќе може да се запишат 10, односно 16 студенти.

Пријавувањето во првиот уписен рок на овој факултет е од денес, 19-ти, до петок, 22-ри и од 25-ти до 27-ми август, вториот е на 15-ти и 16-ти септември и третиот на 24-ти септември 2025 година.

На Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид уписите почнуваат следната недела, на 25-ти и 26-ти август. Има места за 294 бруцоши. Од нив 130 се за во државна квота, 90 со кофинансирање на студиите и 74 за вонредни студенти. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Во јуни во Охрид издадени 3 одобренија за градба, во Струга ниту едно, во Дебрца едно
Next Во сабота почнува увидот во Избирачкиот список за локалните избори

Слични вести

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани
1 min read

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Завидни резултати за охридските стрелци на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма Завидни резултати за охридските стрелци на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма
1 min read

Завидни резултати за охридските стрелци на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.