Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Започнуваат Петровденските (Апостолски) пости

Започнуваат Петровденските (Апостолски) пости

1 min read

Охрид, 16. јуни 2025 (ИНПРЕС) – Денеска започнуваат Петровденските пости што ќе траат до Петровден, што секогаш се одбележува на 12-ти јули.

Овој пост е востановен според црковното празнување на споменот на светите првоначални Апостоли Петар и Павле кои со воздржание и молитва се подготвувале себеси за проповед на Евангелието низ светот и со својот пример ги учеле учениците во делата на спасителното служење.

Петровденскиот е еден од четирите повеќедневни пости во текот на годината (Велигденски, Петровденски, Богородични, Божикни), започнува од првата недела по Духовден. Траењето на постот е различно и зависи од периодот на празнување на Пасха. Петровденскиот пост најмногу може да трае шест недели, а најмалку една недела.

За време на овој пост во среда и петок не се јаде масло и вино; во понеделник, вторник и четврток се дозволува масло и вино, а во сабота и недела масло и риба. (Крај)

извор: mpc.org.mk фото: архива

Post navigation

Previous Деветта иницијатива на ИПА Охрид за изградба на велосипедски патеки во охридско-струшкиот регион
Next Во сабота ќе се одржи петтиот Меѓународен таеквондо ИТФ натпревар „Ohrid Open 2025“

Слични вести

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо
1 min read

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.