Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Започнува ИПА вело викендот „На точак, Охрид и Струга да видам“ и рекреативна вело тура Охрид-Струга-Радожда

Започнува ИПА вело викендот „На точак, Охрид и Струга да видам“ и рекреативна вело тура Охрид-Струга-Радожда

1 min read
Започнува ИПА вело викендот „На точак, Охрид и Струга да видам“ и рекреативна вело тура Охрид-Струга-Радожда

Охрид, 12. јуни 2025 (ИНПРЕС) – Во организација на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Охрид, утре започнува ИПА вело викендот „На точак, Охрид и Струга да видам“, во чии рамки, во сабота, 14-ти јуни, ќе се одржи рекреативна велосипедска тура Охрид-Струга-Радожда.

Овој спортски настан, се одржува по деветти пат, а главната цел е актуелизирање на ИПА иницијативата за велосипедско поврзување на двата крајезерски града-Охрид и Струга како и вело конекција Охрид-Св.Стефан, со современо уредена, функционална и безбедна велосипедска патека.

– Овие проекни иницијативи, имаат непроценливо значење за развој на туризмот и велосипедизмот во двата македонски туристички бисери и огромен бенефит за охриѓани, стружани но и туристите од Македонија и светот. На овој начин, ИПА Охрид прави свој обид за промовирање на Охрид, Струга и на целот крајезерски регионот во целина, како атрактивни туристички и вело дестинации што значително ќе ги издигнат на светската вело туристичка мапа и ќе бидат причина плус за зголемен број на туристи на ривиерата. Со ова, упатуваме порака до двете општини, конечно и сериозно да се заложат, велосипедското поврзување на Охрид со Струга Охрид-Св.Стефан, да станат реалност, велат организаторите.

Утре во 19:30 часот, на градското пристаниште во Охрид учесниците ќе може да подигнат своите ИПА сетови, а стартот на рекреативната велосипедска тура Охрид-Струга-Радожда е во сабота во 08:00 часот од градското пристаниште во Охрид.

Возењето велосипед е љубов, потреба, незаборавна авантура и неповторливо доживување. Во време кога државите градат велосипедски автопати, редно е и во охридско-струшкиот регион на Македонија, да имаме безбедни вело патеки а не, да возиме покрај автомобилите, автобусите и камионите и да се ставаме во сериозна и опасна ситуација како ранлива категорија учесници во сообраќајот. Не сакаме повеќе жртви-велосипедисти на небезбедните патишта во регионот, на кои нема ни трага ни глас од вело патеки означени со современа хоризонтална и вертикална сообраќајна велосипедска сигнализација. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Лани во Охрид се родиле 399 бебиња, регистриран е негативен природен прираст преку целата година
Next Со едногласна одлука на Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА, игуменот Георгиј е избран за митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Слични вести

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор? Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?
1 min read

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија
1 min read

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.