Дебрца, 18. јуни 2025 (ИНПРЕС) – Вечерва започнува јубилејното 50-то издание на традиционалниот Турнир во мал фудбал „Петровден“ што се одржува во селото Мешеишта.
За спортскиот настан што полни пет децении обединува генерации, страст и фудбалска магија годинава има голем интерес. Вкупно 34 екипи, поделени во 8 групи ќе се борат за престиж и за дел од рекордниот награден фонд во висина од 500.000 денари.
За прво место наградата е 300.000 денари, за второ 120.000, за трето 60.000 и за четврто место 20.000 денари. Ќе бидат доделени и индивидуални признанија за најдобар играч, голман, стрелец и најдобар млад играч – во чест на Јован Николоски.
Распоред на натпревари среда 18.6.2025
20:30 Сатеска – Ночелино
21:30 Гранит Х – Компани Стојкоски
22:30 Ескобар Волино – Чардак Велгошти. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
