Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • ИЈЗ: Минатата недела пријавени 126 нови случаи на грип, Охрид во групата со помалку од 10 заболени

ИЈЗ: Минатата недела пријавени 126 нови случаи на грип, Охрид во групата со помалку од 10 заболени

1 min read
ИЈЗ: Минатата недела пријавени 126 нови случаи на грип, Охрид во групата со помалку од 10 заболени

Охрид, 19. декември 2025 (ИНПРЕС) – За една недела, во периодот од 8-ми до 14-ти декември 2025 година, во Република Македонија се пријавени 126 случаи на групни пријави за заболени од грип и заболувања слични на грип, за 31,3% повеќе во споредба со минатата недела се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Од нив 97 лица се на возраст од 15-64 години, 16 лица на возраст над 65 години, 7 деца на возраст од 5-14 години и 6 на возраст од 0-4 години.

– Заболените лица оваа недела се регистрирани во Тетово – 30, Куманово – 20, Македонски Брод –  18, Скопје – 15, Штип – 12, а во Гостивар, Струмица, Струга, Дебар, Охрид, Виница, Кочани. Свети Николе, Кавадарци и Кичево се регистрирани помалку од 10 случаи. Пријавената инциденца е под неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип, односно сѐ уште не е достигнат прагот на влез во сезоната на грип, стои во извештајот.

Во сезоната 2025/2026 вкупниот број на случаи на грип/заболувања слични на грип изнесува 998. Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 51,2%.

Од 16 октомври започна да се спроведува бесплатната вакцинација против сезонски грип за ризичните групи граѓани, а интересот е голем. Досега на ниво на Република Македонија со бесплатна вакцина се имунизирани вкупно 76.944 лица од ризичните категории. Покрај тоа набавени се и 2.400 дози комерцијални вакцини за останатото население и досега се имунизирани 1.786 лица.

Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous „Ехо од Македонија“ – новогодишен концерт на ОМУ „Методи Патче”
Next Ердал Лушо е на 280 милји до Зелено Р’тските острови, го промени курсот на трката поради протекување од крмата

Слични вести

Претставата „Перфектни странци“ на охридските гимназијалци на 4 мај во Центарот за култура „Григор Прличев“ Претставата „Перфектни странци“ на охридските гимназијалци на 4 мај во Центарот за култура „Григор Прличев“

Претставата „Перфектни странци“ на охридските гимназијалци на 4 мај во Центарот за култура „Григор Прличев“

Здравје: Истражување го открива точното време од денот кога желбата за храна е најсилна Здравје: Истражување го открива точното време од денот кога желбата за храна е најсилна
1 min read

Здравје: Истражување го открива точното време од денот кога желбата за храна е најсилна

Мултикултурен настан и отворен ден во охридската гимназија Мултикултурен настан и отворен ден во охридската гимназија

Мултикултурен настан и отворен ден во охридската гимназија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.