Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Идниот Митрополит на Дебарско-кичевската епархија Георгиј стана архимандрит

Идниот Митрополит на Дебарско-кичевската епархија Георгиј стана архимандрит

1 min read
Идниот Митрополит на Дебарско-кичевската епархија Георгиј стана архимандрит

Охрид/Скопје, 8. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Игуменот Георгиј, кого Синодот на МПЦ-ОА го избра за иден Митрополит на Дебарско-кичевската епархија стана Архимандрит.

Чинот на ракополагање го извршил Архиепископот Стефан на вчерашната литургија во црквата Свети Јован Крстител во Капиштец, Скопје.

Со едногласна одлука на Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА, на 12-ти јуни игуменот Георгиј беше избран за митрополит на Дебарско-кичевската епархија. Наречението на новоизбраниот Митрополит ќе се изврши на Петровден, на 12-ти јули во храмот „Св. Климент Охридски и Св. Пантелејмон“ на Плаошник. Епископската хиротонија и интронизацијата за Митрополит Дебарско-кичевски ќе се изврши на 13-ти јули, на Павловден, во Соборниот храм на Охридските архиепископи „Св. Софија“ во Охрид. (Крај)

извор: МПЦ-ОА/ОхридПрес фото: МПЦ-ОА

Post navigation

Previous 40 организации од цела Европа бараат Охридскиот регион да биде впишан на Листата на светски наследства во опасност
Next Крводарителска акција утре во СВР Охрид

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.