Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Интернационалната претстава „Балкандром“ на 10. јубилејно издание на „Вдиши театар“

Интернационалната претстава „Балкандром“ на 10. јубилејно издание на „Вдиши театар“

Интернационалната претстава „Балкандром“ на 10. јубилејно издание на „Вдиши театар“

Охрид, 13. јуни 2025 (ИНПРЕС) – Јубилејот, 10 години Меѓународен аматерски младински театарски фестивал „Вдиши театар“ ќе биде одбележан утревечер со изведба на интернационалната театарска претстава „Балкандром“, копродукција на организации на Црвениот крст од Охрид, Суботица, Крагуевац, Ужице и Бар.

Ова дело на повеќе јазици, зборува гласно, храбро и лично за суровата реалност во сите овие балкански држави каде луѓето поради секојдневието, негативните појави го напуштаат своето место на живеење барајќи подобро место за живот.

– Изминатата деценија, преку нашата сцена продефилираа повеќе од 80 охридски младинци, а заедно со нив и тројно повеќе учесници од нашите пријателски организации на Црвен крст од Суботица, Крагујевац, Бар, Требиње и Ужице. Заеднички, создававме простори за дијалог, толеранција, прашања и надеж, информираат од Црвен крст Охрид.

Претставата „Балкандром“ ќе се одигра во предворјето на црквата Св Софија, со почеток во 20:30 часот, а влезот е слободен. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Уште утре пријавување за 50-то издание на турнирот во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта
Next Во Охрид се одржа Државното првенство во парастрелаштво 2025

Слични вести

Викендов изложби на кучиња во Охрид Викендов изложби на кучиња во Охрид
1 min read

Викендов изложби на кучиња во Охрид

Од денеска повторно почнува авиолинијата Истанбул-Охрид Од денеска повторно почнува авиолинијата Истанбул-Охрид
1 min read

Од денеска повторно почнува авиолинијата Истанбул-Охрид

Лазаревски: На Меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Охрид Опен” досега се пријавени околу 220 натпреварувачи од 8 земји Лазаревски: На Меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Охрид Опен” досега се пријавени околу 220 натпреварувачи од 8 земји
1 min read

Лазаревски: На Меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Охрид Опен” досега се пријавени околу 220 натпреварувачи од 8 земји

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.