Инфо ден во Охрид за бесплатни обуки за козметичар за лице и тело
May 15, 2025

Охрид, 15. мај 2025 (ИНПРЕС) – Во рамки на проектот „Образование и економско зајакнување на ранливи групи жени во Македонија“, Занаетчиска комора на Република Македонија, заедно со Регионална занаетчиска комора Охрид (РЗК) организират информативен ден во Охрид за сите заинтересирани кандидатки.

Обуките се целосно бесплатни и се наменети за жени кои сакаат да се стекнат со вештини, знаења и сертификат за козметичар за лице и тело, со што ќе добијат можност за вработување или започнување сопствен бизнис.

– Дополнително, ќе се понудат и обуки за изработка на природна еко-козметика во соработка со локални пчелари и фармацевтски компании, како и модули за развој на претприемачки вештини. Заедно создаваме можности за достоинствена работа и економско јакнење на жените, потенцираат од Регионална занаетчиска комора Охрид.

Заинтересираните жени од Охрид, Струга и околината може да присуствуваат на инфо денот, за кој времето и локацијата деновиве ќе бидат објавени и да се информираат за деталите, а пријавувањето е до 18-ти мај. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива