Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Исплата на К-15 до крајот на годината

Исплата на К-15 до крајот на годината

1 min read

Охрид, 19. декември 2025 (ИНПРЕС) – До крајот на годинава треба да биде исплатен регресот за годишен одмор на вработените.

Согласно законот, минималната сума за исплата се утврдува на 40 отсто од просечната тримесечна исплатена плата. Годинава за работниците од приватниот сектор К-15 изнесува 18.141 денар, под услов работникот да работел најмалку шест месеци во календарската година кај ист работодавец. Што се однесува до максималниот износ, тука нема ограничување.

За работниците од јавниот сектор изнесува 12.372 денари. К-15 им следува и на оние работници што ја смениле работата, ако претходно непрекинато работеле половина година во иста компанија.

Во Општиот колективен договор за стопанството стои дека кај работодавците кај кои настанале тешкотии во работењето, може да се утврди регрес за годишен одмор помал од износот утврден со Колективниот договор. Има работодавачи кои ја користат оваа недореченост во договорот и исплаќаат К-15 од само неколку илјади денари, а некои ни толку.

Ако вработените не го добијат законскиот минимум за К-15, можат да пријават во Синдикатот или во Државниот инспекторат за труд, за што се предвидени глоби за правното лице и за одговорното лице во правното лице. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Ердал Лушо е на 280 милји до Зелено Р’тските острови, го промени курсот на трката поради протекување од крмата
Next Течат подготовките за Бадниковата поворка 2026 во Охрид

Слични вести

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани
1 min read

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Завидни резултати за охридските стрелци на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма Завидни резултати за охридските стрелци на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма
1 min read

Завидни резултати за охридските стрелци на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.