Охрид, 4. јули 2025 (ИНПРЕС) – Вечерва продолжуваат настаните посветени на најмладите во рамки на проектот на Општина Охрид, Културата расте со децата „За сите деца“.
Петочна вечер под отворено небо за љубителите на книгата и театарот. Предвидени се книжевен хепенинг и театарска претстава што ќе се одржат на сцената кај плоштадот „Вангел Наумоски“ (Мини маркет).
Од 19:30 часот најмладите ќе може да се запознаат со авторите на омилените детски книги, ќе откријат нови изданија, ќе може да бидат дел од креативни работилници, како и од мини саемот за деца. Од 20:30 часот ќе биде изведена детската театарска претстава „Снежана и нејзиниот принц“ во изведба на Балада Арт Продукција, театарска бајка што ќе ги воодушеви и децата и возрасните. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
