Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • „Композиторите од Охридскиот регион“ – нова книга од Гоце и Наумче Џуклески

„Композиторите од Охридскиот регион“ – нова книга од Гоце и Наумче Џуклески

1 min read
„Композиторите од Охридскиот регион“ – нова книга од Гоце и Наумче Џуклески

Охрид, 16. април 2025 (ИНПРЕС) – „Композиторите од Охридскиот регион – историја, наследство и влијание“ е најновата книга на познатите и етаблирани охридски музичари д-р Гоце Џуклески и м-р Наумче Џуклески.

Книгата е пишувана десетина месеци, притоа е истражувано во соодветни институции, а е анализирана и литература, блиска на темата. Опфатени се повеќе од 30 композитори од сите музички жанрови.

Еден од авторите, д-р Гоце Џуклески во изјава за Супер радио и InPress истакна дека монографијата, напишана на многу лесен и разбирлив јазик, содржи информации, поврзани со музичкиот живот на композиторите, нивното творештво, соработките со уметници вокални солисти, музички групи, концерти, фестивали и слично. Потенцира дека со ова дело сакале да им оддадат благодарност за нивниот придонес.

– Во оваа книга насликана со многу љубов и почит, ги истражуваме животите и делата на поголемиот дел од композиторите кои оставиле и оставаат неизбришливи траги во македонската музика и пошироко. Со овој проект сакавме да го доловиме духот на Охридскиот регион, кој секој композитор од овој регион го имал во својата музика, особено од втората половина на 19 век па сѐ до денес. И ние авторите на оваа книга сме дел од тие композитори.
Овие композитори ги создале своите дела не само како уметнички изрази, туку и како одраз на заедничката историја, душата на овој народ, неговата борба и сл, вели Џуклески.

Охрид е песна, и тоа песна што се пее од срце, душа и историја, овде, музиката се раѓа како бран на езерото, потенцира Џуклески, а композиторите ја формирале музичката сцена на овој регион и го збогатиле културното наследство на Република Македонија. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Намален притискок на вода во Видобишта, дел од село Лескоец и високата зона на градот
Next Утре ќе се одржи симулациска вежба за укажување на прва помош во сообраќајка

Слични вести

Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања
1 min read

Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања

Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија

Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија

Од јули директни летови од скопскиот аеродром до атрактивните дестинации Алгеро и Палермо во Италија Од јули директни летови од скопскиот аеродром до атрактивните дестинации Алгеро и Палермо во Италија
1 min read

Од јули директни летови од скопскиот аеродром до атрактивните дестинации Алгеро и Палермо во Италија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.