Охрид, 3. декември 2025 (ИНПРЕС) – Црвен крст Охрид продолжува со реализирање на програмата за крводарителски акции за 2025 година.
Денеска во просториите на Службата за трансфузиологија Охрид својата скапоцена течност може да ја даруваат учениците и вработените од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
– Ги повикуваме сите ученици и вработените да ја покажат својата хуманост – да ја даруваат својата скапоцена течност! порачуваат од охридскиот Црвен крст.
Крводарителската акција ќе трае до 12:00 часот. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива







