Крводарителска акција со учениците и вработените од ОСУ „Св. Климент Охридски“
October 7, 2025

Охрид, 7. октомври 2025 (ИНПРЕС) – Црвен крст Охрид продолжува со реализирање на програмата за крводарителски акции за 2025 година.

Утре во просториите на Службата за трансфузиологија Охрид својата скапоцена течност ќе може да ја даруваат учениците и вработените од ОСУ „Св. Климент Охридски“.

– Ги покануваме сите ученици и вработените кои имаат желба да ја даруваат својата скапоцена течност и воедно да спасат нечиј живот. Ве очекуваме! Дарувај крв, спаси живот!, порачуваат од охридскиот Црвен крст.

Крводарителската акција ќе се реализира во периодот од 09:00 до 12:00 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива