Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Лазаревски: На Меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Охрид Опен” досега пријавени над 270 натпреварувачи од 8 земји

Лазаревски: На Меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Охрид Опен” досега пријавени над 270 натпреварувачи од 8 земји

1 min read
Лазаревски: На Меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Охрид Опен” досега пријавени над 270 натпреварувачи од 8 земји

Охрид, 19. јуни 2025 (ИНПРЕС) – Во сабота во спортската сала „Билјанини извори“ ќе се одржи петтото издание на Меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Ohrid Open 2025“, во организација на Македонската традиционална таеквондо федерација и таеквондо клуботот „Хва Ранг ИТФ“ од Лескоец.

Претседателот на федерацијата Марјанчо Лазаревски за Супер радио и InPress информира дека досега се пријавени над 270 натпреварувачи, а рокот истекува вечерва во 24:00 часот.

– Пријавени се над 30 клубови од 8 земји, Македонија, Србија, Бугарија,Хрватска, Италија, Албанија, Грција и Босна и Херцеговина. Во однос на минатата година има две земји помалку, а бројот на натпреварувачи е поголем. Засега се пријавени над 270 натпреварувачи, а бројката може да се зголеми со оглед на тоа што рокот за пријавување истекува вечерва во 24:00 часот. Генерален спонзор е „ПН Метал“, а настанот е поддржан од Општина Охрид и Агенцијата за млади и спорт, вели Лазаревски.

Учесниците ќе се натпреваруваат во две дисциплини – форми и борби, а предвиден е и пренос во живо.

Почетокот на натпреварите е во 09:00 часот, а официјалното, свечено отворање е во 13:00 часот. Влезот ќе биде слободен.(Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Пејчиновски: Бронзениот медал освоен во родниот Охрид го доживувам како најголем успех во мојата кариера
Next Заврши судењето на градоначалникот на Струга за назначувањето директори на училишта, утре изрекувањето на пресудата

Слични вести

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.