Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • МОН: Од утре започнува аплицирањето за студентски стипендии за академската 2025/2026 година

МОН: Од утре започнува аплицирањето за студентски стипендии за академската 2025/2026 година

1 min read

Скопје, 31. октомври 2025 (ИНПРЕС) – Од утре започнува аплицирањето за студентски стипендии за академската 2025/2026 година, за вкупно четири категории, информираат од Министерството за образование и наука.

Аплицирањето е исклучиво електронски преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, а рокот е заклучно со 15-ти ноември.

Вкупно 1.470 стипендии се наменети за редовни студенти од социјалните категории. За студентите од научните подрачја на техничко-технолошките науки, биотехничките, општествените и хуманистичките науки, кои постигнале висок успех во текот на студиите, предвидени се 770 стипендии, додека 85 стипендии се обезбедени за студенти запишани на студиски програми по информатика.

По 15 стипендии се наменети за студентите запишани на студиски програми по македонски јазик, македонска книжевност и јужнословенски книжевности; студиски програми по историја на уметност, археологија, ликовна уметност и етнологија и антропологија; студиски програми за преведување и толкување од македонски на албански јазик и обратно.

Предвидени се 500 стипендии за студентите запишани на студиски програми од научните подрачја на природно-математичките, техничко-технолошките, биотехничките и/или медицинските науки и кои постигнале просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година најмалку 7,50.

Вкупно 130 стипендии ќе користат студенти запишани на студиски програми по хемија, физика, математика, земјоделските, ветеринарните и шумарските науки, а 30 стипендии се наменети за студенти кои се запишат во прва година на студиски програми на високообразовни установи за образование на наставен кадар во предучилишното воспитание, основното и средното образование.

Сите категории на стипендии се доделуваат за девет месеци во текот на студиската година и во износ од 6.050 денари, со исклучок на стипендиите за студиските програми по хемија, физика и математика, како и за земјоделските, ветеринарните и шумарските науки кои изнесуваат 18.000 денари месечно.

Дозволено е аплицирање само за една категорија на стипендии.

За првпат оваа година министерството распиша и Конкурс за доделување 15 стипендии за студенти кои се запишани во прва година на студиски програми по македонски јазик за студиската 2025/2026 година, за кој пријавувањето исто така ќе се одвива од 1-ви до 15-ти ноември. Конкурсот е објавен на следниот линк (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous ИЈЗ: Минатата недела пријавени 56 нови случаи на грип, во Охрид не се регистрирани заболени
Next Доделено уверението за нов мандат на градоначалникот Кирил Пецаков (Фото/Видео)

Слични вести

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.