Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • „Митан проект“ со Андријана Јаневска вечерва со голем концерт на „Долни Сарај“

„Митан проект“ со Андријана Јаневска вечерва со голем концерт на „Долни Сарај“

1 min read
„Митан проект“ со Андријана Јаневска вечерва со голем концерт на „Долни Сарај“

Охрид, 7. јули 2025 (ИНПРЕС) – Вечерва на сцената „Долни Сарај“ ќе бидат изведени најубавите македонски песни од албумот „Македонски рози“ на Мите Димовски – Митан од „Митан проект“, во интерпретација на Андријана Јаневска.

Почетокот на концертот е во 21:00 часот, а влезот за сите посетители е слободен. Пред концертот, од 20:00 часот ќе биде отворена и изложбата и ревија на народни носии „Од Љубанишча до Дебор“ од колекцијата на Љупчо Милошески.

„Митан проект“ е музичко-вокален состав во кој членуваат еминентни музичари од Република Македонија. Групата постои од 2007 година и нејзин основач е Мите Димовски – Митан. Првиот албум со наслов „Македонски рози“ го издаваат 2008 година и претставува вистинско освежување на македонската музичка сцена. Стилот на музиката која го преферира овој состав е етно-џез надополнет со врвна инструментална подлога и секако со гласот на Андријана Јаневска. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Граѓани повторно со апел да се искоси високата трева на поранешното игралиште кај Архивот (Фото)
Next Муцунски вечерва во Охрид ќе го пречека албанскиот министер за надворешни работи Хасани

Слични вести

Во тек е пријавувањето за 51. турнир во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта Во тек е пријавувањето за 51. турнир во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта
1 min read

Во тек е пријавувањето за 51. турнир во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта

Вечерва годишен концерт на ООМУ „Методи Патче“ во црквата „Св. Софија“ Вечерва годишен концерт на ООМУ „Методи Патче“ во црквата „Св. Софија“

Вечерва годишен концерт на ООМУ „Методи Патче“ во црквата „Св. Софија“

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“
1 min read

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.