Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Мицкоски: Ќе продолжат инспекциските контроли, кај 70-80 проценти од објектите воочени неправилности

Мицкоски: Ќе продолжат инспекциските контроли, кај 70-80 проценти од објектите воочени неправилности

1 min read
Мицкоски: Ќе продолжат инспекциските контроли, кај 70-80 проценти од објектите воочени неправилности

Радовиш, 24. март 2025 (ИНПРЕС) – Премиерот Христијан Мицкоски вели дека и понатаму ќе продолжат инспекциските контроли  во сите јавни објекти низ државата. Посочи дека кај 70-80 проценти од објектите биле воочени огромни неправилности.

– Да, ќе продолжат и понатаму. Тие течат. Никогаш не престанаа. Јас можам да кажам дека воочени се огромни неправилности. Кога зборувам за огромни неправилности, зборувам конкретно за 70-80 проценти од објектите. Не зборувам за исклучоци, туку за пракса која што функционирала и повеќе нема да функционира – рече премиерот на настанот за реконструкција и пренамена на стоковна куќа во современ мултифункционален центар и музеј во Општина Радовиш.

Мицкоски потенцира дека разработуваат акциски план за одреден период да се прогласи мораториум и да се отстранат сите тие неправилности за оние кои сакаат да функционираат со дејноста со која што функционирале.

– Но, истовремено морам да кажам дека и ресурсите и алатките со кои располагаме се ограничени. И со такви ограничени ресурси и алатки ќе продолжиме да ја истераме оваа работа до крај. И не само оваа работа, туку да спречиме да ни се повторуваат немили случувања и во иднина – рече премиерот Мицкоски. (Крај)

извор: Нова Македонија фото: архива

Post navigation

Previous Светски ден за борба против туберкулоза: Во 2023 година во Македонија имало 160 новорегистрирани случаи
Next На денешен ден Прличев се закити со „Ловоров венец“ за поемата „Сердарот“

Слични вести

ЈП „Билјанини извори“: Сечењето на дрвата кај каналот „Студенчишта“ е од безбедносни причини ЈП „Билјанини извори“: Сечењето на дрвата кај каналот „Студенчишта“ е од безбедносни причини
1 min read

ЈП „Билјанини извори“: Сечењето на дрвата кај каналот „Студенчишта“ е од безбедносни причини

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани
1 min read

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.