Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Младата охриѓанка Харитина Јоноска освои четврто место на Европски шампионат за традиционален вушу

Младата охриѓанка Харитина Јоноска освои четврто место на Европски шампионат за традиционален вушу

1 min read
Младата охриѓанка Харитина Јоноска освои четврто место на Европски шампионат за традиционален вушу

Охрид/Скопје, 16. мај 2025 (ИНПРЕС) – Деветгодишната охриѓанка Харитина Јоноска заврши на четвртото место, како најмлад натпреварувач на осмиот Европски шампионат за традиционален вушу (8th European Traditional Wushu Championship), што неодамна се одржа на Крит.

Оваа година, за првпат во историјата на македонскиот спорт, имавме наши претставници на овој шампионат. Младата охриѓанка стигна до овој значен успех иако се натпреваруваше во несоодветна возрасна категорија – од 12 до 14 години.

Харитина е наш таи чи бисер, девојче кое е вонсериски талент за кунг фу и вљубеник во таи чи чуанот. Заедно со нејзиниот татко, Гоце тренираат не повеќе од 9 месеци. За овој краток период поминат на тренинзи по таи чи чуан, Харитина успеа да ги совлада формите и телесните ставови кои се прилично комплексни, изјави за Супер радио и InPress Дана Силјан, претседател на Македонската вушу федерација, воедно тренер и натпреварувач.

oplus_137363488

– Сите во клубот Феи Лонг бевме вчудоневидени кога за прв пат излезе напред пред сите да ја извежба формата. Тешко беше да се поверува дека едно дете на кое не му се слуша гласот на час, излезе пред сите и беспрекорно ја извежба традиционалната форма 24 таи чи чуан (јанг стил). Нејзината надареност и посветеност беше наградена со учество на Европското првенство во традиционален вушу кунг фу што беше голем чекор и товар за Харитина и за мене како претседател на Македонската Вушу Федерација и како нејзин учител и тренер. Лесно да си најдобар во своето маало, ама вистинска храброст е да се излезе на големата сцена, а ние тоа го направивме и тоа успешно, рече Силјан.

Покрај Харитина, која моментално со своето семејство живее во Скопје, на шампионатот учестуваше и Александра Бошкова, која влезе во најдобрите 10 (9-то место) во Европа во својата категорија (од 45 до 59 години).

Вушу е спорт во кој се обединети сите кунг фу дисциплини, една од нив е и таи чи чуанот. Во педесеттите години на минатиот век во Народна Република Кина е основан првиот Вушу сојуз кој имал за цел да изврши стандардизација на кинеските боречки вештини. Сојузот е признаен од страна на кинеските власти во 1959 година. Од тогаш започнува светското промовирање на вупу спортот. Сѐ уште се водат битки вушу спортот да влезе во олимписката унија на спортови. (Крај)

извор: ИнПрес фото: Дана Силјан

Post navigation

Previous Инфо ден во Охрид за бесплатни обуки за козметичар за лице и тело
Next Теквондисти на МТТФ ќе учествуваат на „Гран При Зворник 2025“ во Босна и Херцеговина

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.