Охрид, 11. јуни 2025 (ИНПРЕС) – На почетокот на следниот месец Охрид се претвора во најдобрата коктел дестинација оваа сезона.
За 4-ти и 5-ти јули е најавено првото издание на Ohrid Cocktail Festival.

– Охрид станува епицентар на коктел културата! Подгответе се за коктели што ги разигруваат сетилата, богата музичка програма и атмосфера што нема да сакате да ја пропуштите, стои во објавата за настанот, за кој детали се најавуваат наскоро.
Првиот Ohrid Cocкtail Festival ќе се одржи на кеј „Македонија“, пред хотелот „Палас“. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
