Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • На Градскиот плоштад поставена е големата Бадникова пештера

На Градскиот плоштад поставена е големата Бадникова пештера

1 min read
На Градскиот плоштад поставена е големата Бадникова пештера

Охрид, 24. декември 2025 (ИНПРЕС) – На Градскиот плоштад поставена е големата Бадникова пештера, која наликува на онаа во Витлеем каде што е роден спасителот Исус Христос.

Бадниковата пештера е подарок за градот од Бигорскиот манастир, а е дело на вредните монахињи од манастирот „Св. Ѓорѓи Победоносец“ во Рајчица. Широка е 2,5 метри и висока 3 метри. Направена е од различни природни материјали, уникатно украсена и збогатена со иконата на Рождеството Христово и кандилце.

Инаку, во меѓувреме течат подготовките за манифестацијата „Бадникови поворки“ 2026 година.

Во сабота, 27-ми декември, во спортската сала на ОУ „Христо Узунов“ ќе се одржи првата креативно – уметничка работилница за изработка на ѕвездичките што ќе ги носат дечињата учесници. Работилницата ќе започне во 12:00 часот. Ваква работилница, во недела, 28-ми декември, ќе се одржи и во селото Велгошти.

– Ѕвездите се главно обележје на Бадниковата поворка, како симбол на ѕвездата деница која му го покажала патот на  тројцата мудреци до пештерата во Витлеем, каде е роден нашиот спасител Исус Христос, вели за Супер радио и InPress Летка Филипова главен координатор на настанот.

Досега се одржани две проби за Бадниковата поворка, кои поминале во прекрасна атмосфера исполнета со детска радост, смеа и празничен дух.

Покрај од Охрид, во поворката учествуваат и дечиња од околните села и населени места, како и од Општина Дебрца.

Во насока на негување на традиција на православно празнување на Бадник, со пеење на православни црковни песни, на 6-ти јануари, стотици деца низ охридските улици ќе ја пеат песната „Вечниот Бог“. Учесниците во поворката ќе носат ѕвезди што ја симболизираат ѕвездата деница што го покажала патот на мудреците до пештерата.

Мотото на манифестацијата „Бадникови поворки“ 2026 е „Со Божиќната радост срца да стоплиме!“. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Ердал Лушо пристигна во Палмеира, ќе се сервисира протекувањето од крмата
Next Намален притисок во водоснабдувањето во населбата Црногорци и село Лескоец

Слични вести

15 години Народен театар Охрид ќе бидат одбележани со ретроспективна изложба и премиера на „Оркестар Титаник” 15 години Народен театар Охрид ќе бидат одбележани со ретроспективна изложба и премиера на „Оркестар Титаник”
1 min read

15 години Народен театар Охрид ќе бидат одбележани со ретроспективна изложба и премиера на „Оркестар Титаник”

Прв детски фудбалски турнир „Св.Троица“ викендов во Охрид Прв детски фудбалски турнир „Св.Троица“ викендов во Охрид
1 min read

Прв детски фудбалски турнир „Св.Троица“ викендов во Охрид

Продолжува негативниот природен прираст во Охрид, во првиот квартал годинава е -88 Продолжува негативниот природен прираст во Охрид, во првиот квартал годинава е -88
1 min read

Продолжува негативниот природен прираст во Охрид, во првиот квартал годинава е -88

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.