Атина, 16. ноември (ИНПРЕС) – Американскиот претседател во заминување Барак Обама кој беше во Атина, на почетокот на својата завршна европска турнеја се сретна со грчкиот претседател и премиер Прокопис Павлопулос и Алексис Ципрас.
Првата порака на американскиот претседател била дека од витално значење за САД и за НАТО е Европа да биде силна и обединета, и дека НАТО е апсолутно клучен за безбедност и просперитет и дека трансатлантските односи се камен темелник за таа заедничка безбедност и просперитет.
Обама додал дека е сигурен дека неговиот наследник Доналд Трамп ќе продолжи по истиот пат.
Павлопулос ја искористил приликата меѓу другото да ја критикува политиката на Македонија.
– Фактот е дека соседна земја бара име со кое освен што се фалсификува историјата, се шири иредентизам, и директно подразбира промена на границите. Тоа е спротивно на европското и меѓународното право и таквото барање ја поткопува европската перспектива на оваа држава, изјавил грчкиот претседател. (Крај)
извор: МКД.мк фото: МКД.мк
