На факултетите во Охрид се запишале вкупно 752 студенти на додипломски студии во академската 2024/2025 година
July 4, 2025

Охрид, 4. јули 2025 (ИНПРЕС) – На двете високообразовни институции во Охрид, Факултетот за туризам и угостителство (ФТУ) и Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ (УИНТ) се запишале вкупно 752 студенти на додипломски студии во академската 2024/2025 година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, на ФТУ се запишале вкупно 473 студенти, од кои во прва година 159, во втора 75, во трета 89 и 150 во четврта година. Од вкупниот број 431 се редовни, а 42 вонредни.

На УИНТ на петте факултети се запишале вкупно 279 студенти, сите редовни. Од нив во прва година 71, во втора 95, во трета 50 и во четврта година 63 студенти.

Во академската 2024/2025 година на државно ниво се запишале 53 535 студенти, што претставува зголемување за 2.3 % во однос на претходната 2023/2024 година.Најголем број студенти, 76.8 %, се запишале на државните високообразовни установи. Најмногу студенти, 13 371, се запишале во областа здравство и социјална заштита. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес